За што е корисна течноста од киселите краставички

20 јануари, 2017
12

Веројатно ова не сте го знаеле, но течноста од киселите краставички е многу корисна. Таа може да ви помогне за неколку нешта кои создаваат главоболка.

Доколку одите на плажа и добиете изгореници од сонцето, се што треба да направите е да се намачкате со течноста од киселите краставички. Многу е ефективно и ја намалува болката.

Она што сигурно не сте го знаеле е дека помага против мамурлак. Ако многу сте пиеле и треба да се освестите, испијте ја течноста од киселите краставички. Се препорачува да се испие пред легнување, за утрото да немате главоболка.

Со оваа течност се спречуваат и болките и грчевите во мускулите. тренерите после тренинг или физички напор препорачуваат една четвртина од оваа течност помешана со вода, за да го опуштите телото и намалите болката.

Оваа течност е добра и за болки во грлото и намалување на симптомите на настинка.

Со неа можете да ги исчистите и бакарните предмети и така тие да го повратат сјајот.

Исто така, може да ја употребите и како ѓубриво за вашите дворови и градини.