Зависноста од социјални мрежи се лечи потешко од зависност од дрога

8 мај, 20170
9

Во изминатите неколку години луѓе кои интензивно користат социјални мрежи почнаа да бараат професионална помош за да ја излечат зависноста за која експертите велат дека е посилна од зависноста од дрога или алкохол.

Терапевтите нудат разни советувања, смислија “третмани за детоксикација“, а корпоративната велнес индустрија што е во експанзија нуди сѐ повеќе решенија како да се помине денот без постојано компулсивно „скролање“ по интернет страниците.

Ако не можете да оддолеете да се логирате на Facebook или Snapchat, Instagram или другите социјални мрежи, најмалку еднаш во денот, ако чувствувате вознемиреност кога не сте во можност да го проверите вашиот смартфон или немате сигнал, тогаш најверојатно ви треба професионална помош за одвикнување.

Има широка понуда на услуги и терапии што им се достапни за зависниците од социјални мрежи за да се излечат од навиката.

Цената во САД е околу 150 долари од час, а неколкудневните „третмани за детоксикација“ може да чинат и над 500 долари, според BBC.

Терапевтот Нејтан Дриксел во Хјустон, Тексас вели дека во изминативе неколку години бројот на пациенти кои побарале помош за зависноста од социјални мрежи пораснал за 20 отсто и сега зазема околу половина од вкупниот број негови пациенти.

„На некој начин, психолошкото влијание на Facebook, Snapchat и другите дигитални платформи може да биде потешко за лекување од други веќе познати и признаени зависности. Оваа зависност е потешка од алкохол или дрога бидејќи е многу позабавно, подостапно и нема стигма околу тоа“, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi