Зошто цигарите го намалуваат апетитот

21 март, 20170
8

Научниците откриле зошто пушачите се здебелуваат кога ќе престанат да пушат цигари. Никотинот ги активира мозочните клетки кои им сигнализираат на луѓето да престанат да јадат кога се сити, објави Франс Прес.

Кога ќе ги откажат цигарите, луѓето се здебелуваат за околу пет килограми. Иако ова не е многу, пушачите се загрижени од овој ефект и го посочуваат како една од причините за кои не сакаат да се откажат од штетната навика.

“Пушењето е многу штетно по здравјето. Затоа зголемувањето на телесната тежина за неколку килограми, откако ќе ги оставите цигарите, не би требало да загрижува никого “, вели шефот на тимот Др. Марина Писото.

Пушачите кои не сакаат да имаат проблем со тежината, може да се обидат со помошни средства за откажување на цигарите базирани врз основа на никотин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi