Зошто е важна хигиената на вагината?

31 мај, 20170
7

актериите можат да бидат причинители за многу заразни болести и инфекции, а особено на интимната зона кај жените на која треба посебно да се обрне внимание.

Имено бактерии се постојано присутни во интимната регија и создаваат „ одбрамбен штит“. Вагиналната флора е многу важна за заштита од инфекциите со „штетните“ бактерии. Вагината е богата со лојни и потни жлезди. Постојаното лачење на овие жлезди создава филм, кој со млечната киселина од „добрите“ бактерии, ја штити вагината од инфекција. „штетните“ бактерии, пак, предизвикуваат разни заболувања.

Интимната нега е многу значајна и постојат специјализирани средства кои со својата киселост и состав не ја нарушуваат рамнотежата во вагината.
Значи, ако си под стрес, ако имунитетот ти падне поради било која причина или неадекватно се облекуваш (постојано си во претесни фармерки или носиш гаќички кои не се од природни материјали) природната одбранбена рамнотежа помеѓу „добрите“ и штетните бактерии во вагината може да се наруши, а тогаш бактериите или габичките (или двете) почнуваат претерано да се размножуваат (може да почувствуваш јадеж, пецкање, појачан исцедок).
Станува збор за систем на самоодбрана, чиј составен дел е и системот за самочистење, кој во случај на нормално делување, не брани од предизвикувачите на болести.
Затоа, за да се сведат инфекциите на минимум, не треба да ја заборавиме интимната хигиена.

Иако е врежано мислењето дека интимната хигиена е важна дури откако ќе се добие првата менструација, тоа не е потполно точно. Така, пред да започне женскиот циклус, pH на вагината се движи помеѓу 5 и7, што значи дека е pH средината во вагината помалку кисела, отколку кај жените во плодната возраст, па затоа и девојчињата кои сеуште не влегле во овој циклус, е потребно да користат неутрален или благо алкален производ за интимна нега.

Прво правило во интимната хигиена е испирањето еднаш до два пати дневно, со физиолошки неутрален сапун, значи со сапун наменет токму за интимна нега. Подобри се течните производи со пумпица бидејќи постои помала опасност за пренесување на бактерии. Многу е важно сапунот да има pH (ознака за степен на киселост) сличен со оној на вагината (од 3,8 до 4,5), бидејќи тогаш нема да предизвика промени во бактериската флора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi