Зошто не смеете да пушите веднаш по јадењето?

25 јануари, 20170
11

Повеќето пушачи посакуваат да посегнат по цигарата веднаш откако ќе завршат со оброкот, но не се свесни колку штета му нанесуваат на својот организам со оваа навика.

Силнта желба по цигара и поривот за пушење по јадењето е ншто со што можат да се поистоветат повеќето пушачи. Често веднаш запалуваат цигара, затоа што мислат дека така побрзо ќе ја сварат храната, но науката не ја поддржува таа нивна теорија.

Имено, цигаратa посебно ги иритира цревата, но и остaтокот од системот за варење кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарите се врзува за кислородот во крвта, бидејќи по јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира. Поради тоа, пушењето по јадењето може да предизвика цела низа тешки проблеми во дигестивниот систем, од иритациј до сериозни болести.

Луѓето кои боледуваат од улцерозен колитис и синдром на иритабилно црево би требало да избегнуваат пушењето во широк лак, а оние кои се пушачи задолжително би требало да се откажат од цигарите по јадењето, бидејќи пушењето дополнително ги влошува симптомите на нивната болест и го отежнува варењето.

Бројни истражувања покажале дека пушењето по јадењето е 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара има ефект како 10 испушени цигари. Затоа, по оброкот почекајте минимално половина час пред да запалите цигара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *