Ѕид кој свири кога паѓа дожд

30 мај, 2018
Ѕид кој свири кога паѓа дожд

Во германскиот град Дрезден се наоѓа еден од најчудните ѕидови на светот. Станува збор за ѕидот  “Kunsthofpassage” на кого е поставен систем од инки и цефки. Кога паѓа дожд, водата се слива во инките и се произведува специфичен звук.

Доколку некогаш ве наведе патот во  Дрезден, не ја пропуштајте можноста да го посетите овој музички ѕид кој се наоѓа во студентската населба  во новит дел на градот.
Според оценките на  “Atlasobscura.com”, кој собира податоци за интересни знаменитости од целиот свет кои што не се впишани во официјалните водичи, овој музички ѕид го вбројува помеѓу најубавите атракции на Дрезден.
httpv://www.youtube.com/watch?v=yQXN85QfhlA