21 мај, 2018

Радио

Во Индија постои една крава која секој ден доаѓа на едно исто место, пред еден ист автобус. Пред четири години, тој автобус и го убил единственото теле кое некогаш го имала. Не доаѓа да тагува. Доаѓа да го запре!

Секогаш кога ќе наиде, застанува пред него, го напаѓа, а не запира ниту едно друго возило. Понекогаш само го успорува, а понекогаш целосно го запира автобусот, но оваа мајка не се откажува. Се обиделе да ја променат бојата на автобусот, но чувствува дека е истиот.

Којзнае, нејзината упорност нема да го врати она што го изгубила, но можеби ова е сепак победа за неа, бидејќи ако повеќе ниту едно животно не загине под тркалата на тој автобус, во нејзиното срце правдата можеби ќе биде задоволена.

Остави коментар

Почетна // 4 play // Најтажното видео на светот: Крава 4 години секој ден го запира автобусот кој и го убил единственото теле!
Горе