11 декември, 2018

Радио

Британската автомобилска компанија Aston Martin започна со тестирање на својот прв SUV модел. Произведувачот ја потврди ознаката DBX…

Новиот SUV модел е еден од најважните во 105 годишната историјата на брендот. Иако автомобилот е добро маскиран, можеме да си ги претставиме пропорциите на возилото. На развојот на финалниот дизајн, експертите ќе започнат да работат на пролет следната година, кога ќе можеме да видиме повеќе.

Конечниот сериски примерок ќе се појави под светлата на рефлекторите кон крајот на 2019 година, а првите примероци ги очекуваме во продажните салони во 2020. година. SUV доби сосема нова алуминиумска конструкција, која обезбедува намалување на тежината. Автомобилот ќе биде опремен со погон на четири тркала и ќе биде придвижуван од 4,0-литарски V8 мотор кој произлегува од AMG, кој денес го користат моделите Vantage и DB11 V8.

DBX моделот е првиот автомобил, чие производство ќе започне во фабриката во Сант Антан во јужен Велс. Новата фабрика покрива површина од 60.000 квадратни метри, а неговата изградба чини околу 250 милиони фунти. Цената на првиот SUV модел Астон Мартин ќе се движи од 140.000 фунти.

Остави коментар

Почетна // авто-мото // Aston Martin го започна тестирањето на својот прв SUV модел
Горе