Hyundai Kona на струја ќе има автономија до 470 километри

14 февруари, 20180
3

Електричната верзија на овој мал SUV модел ќе биде претставена на 27 февруари.

Hyundai Kona на електро погон ќе има онлајн презентација неколку дена пред почетокот на саемот на автомобили во Женева, каде автомобилот ќе и биде прикажан на тамошната публика.

Произведувачот воочи премиерата објави „тизер“ фотографија, која сепак не открива многу околу надворешноста на возилото, но соопштен е многу важен детаљ – податок околу автономијата во возењето.

Како што тврдат од корејската компанија, Kona Electric ќе биде достапна во две верзии кои ќе се разликуваат по сила, а посилниот од двата агрегата ќе биде „еден од најсилните електрични мотори во современите автомобили на струја кои можат да се најдат на моменталниот пазар“.

Од Hyundai тврдат дека електричната Kona ќе може да помине и до 470 километри со полни батерии (според новиот WLTP тест стандард), што исто така е еден од најдобрите резултати кога станува збор за актуелните електрични автомобили.

Повеќе детали ќе бидат познати на 27 февруари, а после светската турнеја, Kona Electric пристигнува и во европските продажни салони на лето 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi