Јапонскиот Lexus ES – прва серија на автомобили со дигитални ретровизори

26 октомври, 20180
lexus

Lexus неодамна го претстави својот нов ES во Северна Америка, а потоа во Париз премиерата ја имаше и европската верзија. Сега во Јапонија е претставена тамошната верзија која стана прв светски сериски автомобил со дигитални ретровизори, односно камери наместо стандардните ретровизори, кои репродуцираат слика на три екрани.

Накратко потсетуваме како моделот ES, кој заедно со поголемиот LS, го искачи Lexus меѓу премиум брендовите пред речиси триесет години, односно 1989 година. ЕS сега влегува во својата седма генерација и се темели на последната верзија на TMGA (Toyota New Global Architecture) плаформа со ознака GA-K. Единствениот достапен погонски склоп на пазарот во Јапонија е хибридниот бензинец од 2,4 литри, а исто така ќе биде понудена спортска верзија F Sport.

Најголемата разлика во јапонската во споредба со другите верзии ќе биде достапноста на дигиталните надворешни ретровизори, кои ги заменуваат стандардните странични ретровизори со дигитални фотоапарати. Сликата од нив се прикажува на 5-инчни екрани на носачите на покривот. Исто така, камерата на задниот дел на возилото ја репродуцира сликата на централниот екран што го заменува класичниот внатрешен ретровизор.Системот  стана достапен за јапонските клиенти, бидејќи локалните законодавци дозволија да се користи, а производителот тврди дека ова решение ја подобрува видливоста и ја намалува бучавата од ветерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *