18 февруари, 2018

Радио

Оригиналниот Nissan Juke беше огромен успех за брендот и е еден од зачетниците на супермини-SUV класата.

Наскоро треба да пристигне следната генерација на овој модел, кој ќе биде порафинирана и ефикасна машина со подобар квалитет од сегашната верзија.

Најголемите промени ќе бидат под каросеријата, бидејќи новиот Juke ќе биде направен врз сосема нова платформа. Досега, тој ја користел B0 шасијата на Renault-Nissan Alliance која датира уште од 2002 Nissan Micra – платформа која бавно се произведува и е скапа во споредба со модерните стандарди.

Новиот Nissan Juke кој ќе биде официјално претставен годинава ќе ја користи CMF-B (Common Module Family) платформата, исто како и новата Nissan Micra.

Дизајнот ќе остане сличен на сегашниот, но ќе го вклучува новиот „лик“ на Nissan виден на најновиот Qashqai, а ќе има и поголемо меѓуоскино растојание со што ќе се зголеми просторот за нозе во возилото – една од главните критики со кои се соочува сегашниот модел.

Кабината ќе биде подобрена со поквалитетни материјали и пластика, со дизајн кој исто така ќе биде сличен на оној од новата Micra – со централен infotainment дисплеј, смартфон конективност (Apple CarPlay и Android Auto).

Преминувањето на CMF-B платформата на новиот Juke ќе му овозможи вградување на разни мотори – 1.0 литарски 3-цилиндричен турбо бензински, како и 1.6 литарски со моќност од околу 190 коњски сили. Ќе биде понуден и 1.5 литарски дизел мотор, а можна е и хибридна варијанта.

Извор: idividi

Остави коментар

Почетна // авто-мото // Наскоро пристигнува новиот 2018 Nissan Juke
Горе