Редизајнот на Hyundai Tucson

16 јули, 2018
10

„Hyundai“ неодамна го редизајнираше својот компактен „SUV“, кој во освежено издание пристигнува во европските продажни салони во текот на летото.

Откако е претставен во 2015-та година, актуелната генерација моделот „Tucson“ е најпродаваниот „Hyundai“ во Европа.

Корејскиот производител неодамна го редизајнираше овој автомобил, со цел да биде конкурентен на европскиот пазар, со оглед на тоа што во меѓувреме се појавија нови ривал како што се „Škoda Karoq“ и „Seat Ateca“.

Стилските промени не се големи, но сепак се забележливи, пред се на предниот дел на возилото каде е променета маската на ладилникот.

Стандардната опрема, меѓу останатото, опфаќа 16 инчни алуминиумски бандажи, предните светла за магла, интегрирани покажувачи на правецот во куќиштето на ретровизорите, автоматски предни светла, мултимедијален систем со седуминчен екран, „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ функции, задна камера и „Bluetooth“ конекција.

Во средните пакети на опрема на располагање се 17-инчни алуминиумски бандажи, шини на покривот, „LED“ стоп-светла, автоматски брисачи, самозатемнувачки внатрешен ретровизор, 8-инчен мултимедијален дисплеј, навигација, темпомат…

Поскапиот пакет вклучува 18-инчни алуминиумски бандажи, безконаткно отклучување и стартување на моторот без клуч, електронско паркинг сопирање, бежичен полнач на смартфон уред, премиум аудио систем и друго.

Во самиот врв на понудата е верзија со „LED“ предни светла, камери кои ја надгледуваат околината на автомобилот, адаптивен темпомат, панорамски покрив, електрично отворање и затворање на вратата на багажникот, греење на воланот и функција за ладење на предните седишта.

„Hyundai Tucson“ за европскиот пазар ќе биде достапен со 1.6-литарски „GDi“ и „T-GDi“ бензинци со 132 ks и 177 ks, како и 1.6-литарски „CRDi“ дизели во две опции со 115 ks и 136 ks. Покрај тоа, во понудата ќе биде и 2.0-литарски „CRDi“ со 48-волтен благ хибриден погон и 186 „коњски сили“.

Во зависнот од моторот, за пренос на моќта се користи шестбрзински мануелен менувач, потоа автоматски менувач со двојно квачило и 7 брзини, и осумстепен автоматик.