Доминиканска Република! Слушај, чувствувај, замисли …

30 август, 20180
д1

Доминиканската Република се наоѓа на островот Хиспанија, која ја дели со Хаити. Овој Карипски остров припаѓа на Големите Антили, заедно со Куба, Порторико и Јамајка.

Главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго, за  Доминиканците е исто што и Њујорк за Американците – колаж од култури. Официјалниот јазик е шпански, но локално пријателското население е одлично во справувањето со англискиот, францускиот и другите јазици.

Климата на Доминика практично е идеална преку целата година – па често може да се слушне дека таму владее вечно лето. Исто така е една од најевтините карипски земји. Цените се доста слични на нашите.

Без разлика дали барате забава, одмор или нешто ново, Доминиканската Република нуди сè.

Доминиканската Република е лулка на огнени танцови ритми, создава вибрирачки пулс кој ги полни батериите на целиот остров. Сјајните шеќерно бели плажи од соништата, над кои се совиени совршените палми, тиркизното море, синото небо исполнето со бели меки облаци, импресивни планини кои се протегаат преку спектакуларни реки и водопади, слатководни езера, егзотична флора и фауна, се само дел од богатството во местото каде што се чувствувате како во рајот.

Од градот Кофреси до Нагу на истокот од  Доминиканската Република е распространета Амбер Коуст. Овде е највисоката концентрација на ниски планински шуми и бескрајни плажи, но исто така и евтините туристички и SPA центри.

Амбер Коуст во вистинска смисла на зборот Дизниленд за љубителите на адреналин. Тука можете да уживате во возењето со планински велосипед, пешачење, јавање, сурфање на ветер, параглајдерство, нуркање … Велат дека ова е најдоброто место во светот за скијање, возење кануа за истражување на џунглата и насликаните пештери кои се стари дури 2000 години.

Доминиканската Република ве чека. Посетете ја оваа дестинација од соништата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *