Канкун, Мексико

3 октомври, 20180
Capture 21

Канкун важи за “град кој што никогаш не спие” или место “најблиску до рајот” … Само по неколку поминати дена  во овој град ќе сфатите – не претеруваат. Бидејќи, во Канкун, морето е навистина тиркизно како на фотографиите, плажите се бесконечно долги со речиси бел песок, вода пријатна за капење, незаборавен ноќен живот, љубезен персонал во хотелите и трговските центри.

Постојат неколку трговски центри во градот во кои може да се најде по нешто за секого – од сувенири кои чинат 10 долари па се до луксузни производи од светски познати производители. Најдобри меѓу трговските центри  домаќините го сметаат трговскиот центар “Ла Исла”, кој наликува на Венеција бидејќи е направен на вода.

Во Националниот парк Тулум се наоѓа истоимениот град на Маите. Тулум, што значи ѕид на јазикот на Маите , опкружен е од три страни со ѕидови високи 6 метри, со пет порти, додека четвртата страна е на отворено море. Ова инаку е реткост, бидејќи Маите не ги бранеле своите градови со ѕидини. На југозападниот и северозападниот крај на ѕидот,  изградени се кулите за посматрање. Во близина на северниот ѕид се наоѓа светото езеро – Сенота, од кое жителите се снабдувале со вода за пиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi