Не го пропуштајте летувањето на прекрасните плажи во Дубаи

25 јули, 20180
du2

Ве привлекува мирен одмор на песочни плажи, покрај азурно сино море, но и во урбана средина, во која никогаш не е досадно? Се двоумите помеѓу одморот на море и посета на големите градови? За вас го препорачуваме Дубаи.

Дубаи е позициониран на источниот дел на Обединетите Арапски Емирати, на околу 150 километри од главниот град Абу Даби. Мирните води на Персијскиот залив кои доаѓаат од запад ги креираат некои од најубавите плажи на светот, од задна страна се простира рамната песочна пустина која води кон падините на Хаџар планина.До пред неколку децении со целокупниот простор господареше суровата пустина а денес е изграден рај на земјата! Невероватниот Дубаи може да биде вистинска дестинација за вас  од повеќе причини: долги песочни плажи кои ги сочинува најфиниот песок, 300 сончеви денови годишно, спој на комфор, традиција и стил на живот, најубавите градби кои некогаш сте ги виделе, шопинг центри во кои шопингот никогаш не престанува , безбројни забавни и тематски паркови како што не постојат никаде во светот .. и многу повеќе. Старото градско јадро го чува духот на минатото и историјата на оваа област, а остатокот од градот што е во експанзија е дело на најдобрите светски архитекти.

Во последната деценија Дубаи се позиционираше како луксузна дестинација за прекрасни одмори, но она што најмногу ги привлекува туристите во текот на летните месеци се неговото бистро сино море и долгите бели песочни плажи. Некои од најпопуларните, кои сигурно ќе ги исполнат сите ваши желби, се Jumeirah Beach Park, Аl Mazmar Beach Park и Палм Бич. Без разлика дали сте љубител на мирното излежување на плажа покрај добра книга или, пак, водените спортови и адреналинот, плажите на Дубаи нема да ве разочараат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi