Дали сте слушнале за градчето од бајките каде што улиците се всушност канали?

7 декември, 20180
holand 0

Холандска рурална идила на вода.

Некои места на нашата планета се толку нереално убави што кога за прв пат ќе ги видиме на фотографија, мислиме дека станува збор за филмски сет. Едно од таквите места е холандскиот Giethoorn.

Малото градче во северниот дел на Холандија изгледа како место од бајките, но сè што е во него е многу природно. Холандската Венеција, односно Giethoorn, е изграден на тесна канална мрежа и не станува збор за никаков филмски проект.

Во овој живописен град живеат околу 2.600 луѓе и е еден вид селска оаза на мирот на чија веб-страница е напишано дека „најгласниот звук што може да се слушне е звукот на патките или црцорењето на други птици“.

Во овa градче, дури и поштарот ја разнесува поштата со бродче, но од другата страна лесно може да се стигне со автомобил од Амстердам.

Доколку сте во Холандија, ова е дефинитивно местото кое треба да го посетите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *