Десет вештини кои ги заборавамe поради технологијата

8 јануари, 20180
download (1)

Иако сите знаеме дека технологијата ни го олеснува животот, сепак има многу негативности кои дури и не приметуваме дека ни се случуваат. Еве само 10 лоши работи кои се предизвикани:

  1. Паметење на телефонски броеви – листање на телефонскиот именик или стари ливчиња каде сме запишале телефонски број, одамна премина во историјата. Порано сите важни броеви ги знаевме „на памет“, додека сега сме затрупани со толку многу контакти, голем дел непотребни, а паметиме само мал број.
  2. Броење на пари – со растот на картичките и интернетот, банкарството денеска се сведува само на апарати. Па затоа, вештината на пребројување пари со прсти е рчиси незамислива за денешните генерации.
  3. Пресметување „на памет“ – како и со телефонските броеви, денеска се собиеа, оздема, множи и дели со помош на телефон или компјутер.
  4. Развивање на фотографии – не толку одамна, сеуште вадвме фотографии од филм и ги редевме по многубројните албуми за слики. Денеска, сите наши фотографии се складирани на уредите и доаѓаме до нив само со еден клик.
  5. Мапи – сега, додека патуваме, не можеме да видиме луѓе кои пробуваат да го најдат патот на огромни хартиени мапи. Денеска, сите патуваат со помош на GPS уреди и мапи на апликација.
  6. Учење од енциклопедии – некогаш беше огромна гордост да ги поседуваш сите енциклопедии и гордо да ги поставиш на полиците за сите да ги видат. Тогаш, така учевме и баравме информации за на училиште, додека сега целиот свет не достапен ан интернет.
  7. Учење на јазици – се вели дека вредиш онолку колку што зборуваш јазици, но со оглед на тоа дека денеска со секој можеме да се разбереме со превод прку слушалки, може да се претпостави дека за неколку години новите јазици нема да вредат толку.
  8. Часовник – се помалку луѓе носат часовник, најчесто гледаме во електронскиот часовник на мобилниот телефон, па за некое време децата веќе нема ни да знаат да препознаат час по стрелките на часовникот.
  9. Пишување на писма – електронската пошта комплетно ја замени традицијат ана пишување физички писма и сите добивме елекстронска, наместо физичка адреса
  10. Рачно пишување – сигурно сите веќе сте приметиле колку ви се расипал ракописот и веќе ви е тешко да го читате. Со развивање на брзината на куцање, речиси и заборавивме на лист хартија и молив во рака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi