Електронска кожа на иднината која сама заздравува

30 април, 20180
6

Кожата е орган кој истовремено е чувствителен и способен да прима разни видови стимулации, но и доволно силен да ги издржи повредите како модринки и посекотини, како и способен самиот да заздрави во релативно кратко време.

Сега, научниците од универзитетот во Колорадо развиле т.н електронска кожа или е-кожа која треба да ги содржи сите овие карактеристики.

Она што е уникатно во врска со неа е хемиското сврзување на полииминот кој и дозволува на е-кожата самата да заздравува и целосно да може да се рециклира на собна температура.

Е-кожата може да функционира како подобрување на вистинската, бидејќи во неа може да се сместат сензори со кои би се поврзала на разни видови електронски уреди.

Таа исто така може да се употребува и во простетиката, особено имајќи в предвид што може самата да заздравува само преку аплицирање на мешавина од етанол од три состојки кои се комерцијално достапни, како и во роботиката. На пример, доколку има робот што треба да се грижи за бебе, на неговите прсти може да се интегрира е-кожата која би го чувствувала притисокот од бебето и би ја имитирала биолошката кожа и нејзините функции, така што бебето теоретски не би ја забележало разликата.

Со сензори кои би го мереле притисокот, температурата, влажноста и движењето на воздухот, оваа електронска кожа би можела да се чувствува како вистинска, а во некои аспекти и подобра од неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi