26 јуни, 2019

Радио

Израелската компанија „Everysight“  патентираше специјалните очила за велосипедисти. Тие се производ на долготрајни истражувања кои почнуваат од друга сфера.

„Everysight“ првично креираше главен екран за борбени пилоти, но, потоа одлучи да ги искористи своите достигнувања на потрошувачкиот пазар и започна со проект за создавање на паметни очила. Досега, се инвестирани стотици милиони долари со цел да се намали технологијата на додадена реалност до големина на очила.

 

Во 2014-та година по голем број на неуспешни проекти, тимот доаѓа до дизајн погоден за пазарот – хедсет сличен на очила со дисплеј. Тајната состојка е, всушност, технологијата на прикажување наречена Beam.

Таа користи мал проектор вграден во „папучите“ за носот, за да ја насочува светлина кон окуларот на леќите. Потоа леќите рефлектираат светлината во задниот дел на мрежницата на корисникот, што создава дополнителен поглед на видното поле.

Овие специјални очила на „Everysight“ имаат quad-core процесор со 2GB RAM , батерија која трае до осум часа при едно полнење и насочена предна камера со висока резолуција, која прави слики и видео клипови.

Уредот е опремен со голем број на сензори, меѓу кои и кселерометар, жироскоп, магнитомер, барометар, GPS и GLONASS, сензор за близина, вграден микрофон и друго.

Првите кои ќе направат нарачка на овие специјални паметни очила за велосипедисти ќе можат да ги купат по цена од 499 долари. Натамошните нарачки веројатно ќе се прават по цена од 549. долари.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Everysight – смарт очила за велосипедисти
Горе