15 октомври, 2019

Радио

Кога телефонот чини 700 евра помалку од најскапите модели, и нуди врвен чипсет, камера и екран, тогаш мора да има некоја “грешка”, нели ?! Е, па квалитетот на изработка тоа сигурно не е!

Најдобриот “растурач” на телефон на YouTube мрежата, JerryRigEverything, го стави на тест Pocophone F1, кој официјално се продава на пазарот и чини околу 500 до 700 евра помалку од најскапите iPhone и Android конкуренти.

Освен тоа што е направен од пластика која е подложна на гребнатини – овој телефон речиси, по квалитетот на изработка, нема на што да му се замери!

И покрај тоа што телефонот вреди значително помалку од најскапите конкуренти, нема од што да се срами, бидејќи поддржува се што поддржуваат и премиум моделите.

Дали би се одлучиле за Pocophone F1?

Остави коментар

Почетна // хај-тек // Евтин телефон, кој ги засрами најскапите модели
Горе