Kамера на лизгање – нов смартфон тренд?

29 јуни, 20180
1
Со пристигнувањето на Oppo Find X и Vivo Nex на пазарот на смартфони, се отвора простор за наметнување нов тренд помеѓу Android телефоните. Двата нови телефони користат уникатен начин за да ја скријат камерата – преку механизам кој работи слично како ретро-телефоните на лизгање.

Идејата на двата производители е да направат телефони чија камера нема се наоѓа на предниот дел над екранот, за да може да се искористи целиот преден дел од маската за сместување на поголем екран.
На двата телефони им успева да ја скријат камерата, но и двата го прават тоа на уникатен начин. Vivo Nex успева да го направи тоа со малата камера која излегува како израсток од над екранот, додека Oppo Find X го прави со уште повеќе стил и камерата на овој телефон се отвора на лизгање, од средината на самиот смартфон. Двата начини се импресивни примери за современ дизајн и снаодливост, иако можеби технологијата на лизгање е стара повеќе од десет години.
Ако сакате да ги импресионирате пријателите, тогаш купете го Oppo Find X и покажете им како смартфонот се отвора на средината за да ја извади надвор камерата. Сите ќе бидат импресионирани, со сигурност. Како предмет за воодушевување, Oppo Find X е еден од најдобрите телефони на пазарот. Штета што работата на ниту еден телефон не му е да ве воодушеви, туку да биде корисен и практичен. Во делот на практичноста, Find X се пронаоѓа себеси, но делот со корисноста е навистина тежок да се изведе кога Oppo реши да употреби механички лизгач во нивниот нов телефон.
Всушност, ретроградноста на употребувањето на механички делови во новите телефони изгледа занимливо, па дури и привлечно на прв поглед. Ама мора да се земе предвид дека механичкиот дел ги уништува голем дел од можностите кои ги нудат новите смартфони. На пример, скоро сите нови flagship телефони се водоотопорни, но со самото ставање на механички дел во телефонот значи дека се откажувате од оваа можност, бидејќи водата ќе може да влезе во внатрешноста на телефонот. Исто така, поради стаклото на предната и задната страна (нешто на кое инсистираат голем дел од производителите кај нивните flagship модели), сопствениците би сакале да стават заштитна маска на телефонот. Но тоа е невозможно кај Find X и Nex бидејќи маските се непрактични поради тоа што не дозволуваат да се користи камерата додека телефонот е во маска. Во идеални услови, не би било страшно ако не го ставите телефонот во маска, но ако тој падне додека камерата е отворена тогаш може да претрпи многу поголема структурна штета отколку што би претрпел ако беше направен од еден дел.
А тука е секако и најголемиот проблем во врска со телефоните кои имаат камера со механички дел. Таа камера нема да има многу голем потенцијал бидејќи покрај механичкиот дел и двете страни од маската на телефонот, нема каде да се смести супермоќна камера. За жал, не може да имате високи очекувања за камерите на ваквите телефони. Најдобарата камера на пазарот, онаа на iPhone X, е недопирлива за овие два телефони најмногу поради фактот дека тие немаат каде да ги сместат големите леќи кои обезбедуваат одлична слика.

Постојат уште две непрактични работи кои мора да се споменат за овие два телефони (и за секој следен телефон со механизам кој ќе излезе во иднина). Првата е дека механичкиот дел ќе ја троши батеријата на телефонот многу побрзо. Со оглед на тоа што Oppo Find X нема сензор за отпечатоци, ќе морате да ја користите камерата многупати дневно за Face ID, што ќе одземе голем процент од вашата батерија. Другата причина е самата издржливост на телефонот. Како што рече познатиот дизајнер Филип Старк во 2009 кога беше интервјуиран за лизгачот на Nokia N97, „секогаш кога ќе додадете механички дел на телефонот, го скратувате неговиот животен век“.
Навистина е забавно да се видат компании кои пробуваат нешто ново, кои сакаат да донесат уникатен и забавен производ за користење на пазарот. Но, примарно тој треба да е практичен а апликативен во секојдневниот живот. За жал, Oppo Find X и Vivo Nex не го поминуваат овој тест, иако се едни од највпечатливите телефони на пазарот. Обидот да се направи тренд од механичката камера на лизгање веројатно ќе помине неуспешно, но добро е да се имаат овие телефони како пример на едни храбри дизајнери кои старата технологија успеаја да ја спојат со 2018 година и да направат единствен производ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi