20 ноември, 2018

Радио

Нов систем на мобилно и директено полнење кој работи без жици …

Кога беше претставен Huawei Mate 20 Pro, веднаш ни го привлече вниманието со безжичното полнење  меѓу другото, но и полнењето на другите модели на мобилни телефони! Huawei ова посебно го истакна во презентацијата, бидејќи сакаше сите да знаат дека Mate 20 Pro има доволно голем капацитет на батерија и способност да ги наполни конкурентните модели.

Да, Huawei Mate 20 Pro е во состојба безжично да наполни друг мобилен телефон или било кој друг уред – слушалки, часовници, спортска опрема, фитнес додатоци и многу повеќе – едноставно дејствува како безжичен полнач!

За да ја користите оваа опција, треба да отидете во Поставки> Батерија> Повратно бежично полнење и стартувајте го лизгачот надесно. Ќе добиете објаснување на сликата за тоа како оваа опција се полни и повратното безжично полнење е активно.

Huawei Mate 20 Pro овозможува полнење на сите уреди со “Qi-wireless charging”, што е нагласено во документацијата и на кутиите од уредите.

Полнењето го пробавме со Apple iPhone X, Sony Xperia XZ2 и Samsung Galaxy Note 9 моделите и со сите работи безпрекорно. Брзината на полнење е стандардна, а полнењето може да се изврши исклучиво со задниот дел – да бидеме попрецизни, полнењето работи дури и кога телефонот има силиконска маска.

Остави коментар

Почетна // хај-тек // мобилни // Највозбудливата нова функција на мобилните телефони
Горе