Новата Gear 360 камера за целосно уживање во снимените моменти

31 јули, 2018
ккк1

Новиот Samsung Gear 360 камери за снимање на 360 степени во 4K резолуција, со префинет дизајн за лесна употреба, беше претставен на неодамнешниот настан во Лондон. Со подобрени карактеристики за високо-квалитетни содржини, Gear 360 е лесен и компактен и нуди пристап кон проширениот Samsung VR екосистем.

“Како корисниците се повеќе се пренасочуваат кон видео записите кога ги споделуваат нивните искуства, ние сакаме да обезбедиме производи кои ќе бидат лесно достапни и иновативни, со цел да се олесни создавањето, споделувањето и директниот пренос на дигиталните содржини преку интернет,” вели Јунг Ли, извршен потпретседател на Одделението за глобален маркетинг, мобилни уреди и мобилни комуникации во Samsung. “Најновата Gear 360 ќе продолжи да ги проширува границите на сето она што корисниците можат да го искусат и поделат”.

За прв пат, Gear 360 камерата нуди снимање на видео со 4K резолуција, со реални дигитални содржини со кои гледачот може целосно да се соживее. Опремен со сензори на сликата од 8,4 мегапикселна камера и објектив Bright Lens F2.2 за двата типа на рибино око, Gear 360 може да произведе слики со висока резолуција.

Gear 360 ги користи иновативните технологии и услуги на Самсунг за да обезбеди лесно споделување, репродукција, и уредување на содржината. Без оглед на тоа дали снимате видео во 360 степени или фотографии, корисниците може да пристапат кон различни програми за работа за репродукција, алатки за уредување и фото ефекти и филтри за да се создаде уникатна содржина во согласност со нивните потреби. Корисниците исто така лесно можат да ги конвертираат 360-степените видео клипови во стандардни формати за лесно споделување на содржини.

Gear 360 воведува споделување на содржини во реално време. Кога Gear 360 се синхронизира со компатибилен паметен телефон или компјутер. Новиот уред им овозможува на корисниците да ги споделат нивните најдобри искуства преку трансфер во живо, со висока резолуција или со директна монтажа на платформи како што се Фејсбук, YouTube или SamsungVR.

Gear 360 е компатибилен со голем број додатоци од други производители. Најпоследното издание на Gear 360 е компатибилно со Samsung премиум уредите, вклучувајќи Galaxy S8 i S8+ кои само што излегоа на пазарот, Galaxy S7, Galaxy S7 edge, Galaxy Note5, Galaxy S6 edge+, Galaxy S6, Galaxy S6 edge, Galaxy A5 (2017) i Galaxy A7 (2017). Gear 360 исто така нуди подобра компатибилност со iOS уредите вклучувајќи ги iPhone 7, 7 плус iPhone, iPhone 6S, iPhone 6S Plus и iPhone, како и со Windows и Mac компјутерите.