Паметна облека кoја се загрева само со еден допир

16 јануари, 20180
5

Ако има една работа која луѓето, особено оние кои се занимаваат со некој спорт или физичка активност, ја мразат во врска со зимската сезона, е неможноста да се вежба на отворено – особено не без адекватна опрема.

Тука на сцена настапува компанијата „Polar Seal“ која произведува „паметна“ облека која инстантно се загрева со еден допир на копче.

Облеката се состои од дуксер кој функционира како основен слој (“base layer”) кој се загрева преку копчињата поставени на ракавот, а кој е специјално дизајниран и тестиран да функционира и во алпски услови.

Наменет е да се носи под јакна или врз обична маичка, што значи може да се носи и секојдневно, а не само за време на тренинг. Моделите ги има и во машка и во женска варијанта, а се специјално скроени за комфорно да се прилепуваат на телото со цел да се обезбеди ефикасен пренос на топлината.

Преку копчињата на ракавот лесно може да се активираат едната или двете грејни зони и да се нагодуваат да греат со едно од трите температурни нивоа. Дуксерот се загрева за помалку од 10 секунди, а може да се полни преку USB или USB Power bank со излезна моќност од 5V 2A, и со капацитет од 5 000 do 12 000mAh.

Покрај тоа, копчињата се доволно респонсивни и кога се допираат со ракавици, така да не ма потреба да ги изложувате рацете на студените температури секојпат кога сакате да го активирате Polar Seal дуксерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi