Роботска револуција: Имаат мускули налик на човечки и имаат моќ за заздравување

13 јануари, 20180
Robot-Sophia-620x350

Новата технологија се повеќе се стреми кон создавање флексибилни роботи – истакнал деканот на факултетот во Болдер.

Научниците од Колорадо успеале да направат флексибилни, издржливи и силни вештачки мускули кои самите можат да се движат, а имаат и потенцијал на самозаздравување.

Оваа технологија е наречена НАСЕЛ од страна на научниците на универзитетот во Болдер, изјавува Кварц.

Мускулите се составени од кеси со растително масло закачени со електроди. Струјниот удар кој го произведуваат електродите влијае на поместувањето на течност и менувањето на обликот на кесите создавајќи контракции кои наликуваат на оние од вистинските мускули.

Новиот изум овозможува да се креваат деликатни работи, стегање и опуштање на мускулите, доста брзо движење и создавање вештачки бицепси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *