Телефон со врвни перформанси!

27 август, 20180
сс1

Од Samsung доаѓа импресивен уред, со подобрен S Pen молив и интелигентна камера која во потполност држи чекор со животот на корисникот.

Потполно нов S Pen со Bluetooth, моќна батерија од 4000 mAh за целодневна интензивна работа, доволно меморија на телефонот за се што ви треба да сочувате, врвен процесор дизајниран за големи брзини, најинтелигентна камера и бесконечен екран од 6.4 инчи – доволно е да се каже дека Samsung Galaxy Note 9 пристигна на Македонскиот пазар.

Овој супер моќен телефон во Македонија е на продажба од 24 август, во полноќно црна, виолетова и океанско сина боја со уникатен жолт S Pen, во сите овластени партнери и малопродајни оператори.

“Galaxy Note9 е нов член на нашата серија, која од година во година ја подигнува скалата кога станува збор за перформанси и иновативни технологии во паметните телефони. Токму овој уред има низа на импресивни карактеристики кои им помагаат на клиентите да добијат повеќе од се што работат “, рече Hojun Hwang, извршниот директор на регионалните претставништва на Samsung.

Приврзаниците на Note уредите се најверните корисници на Самсунг. Galaxy Note 9  е единствениот телефон кој може да остане во чекор со нивниот брз начин на живот, кој им нуди најмногу во полето на работа и забава.

“Луѓето се потпираат на нивните паметни телефони за речиси сè што прават. Тие имаат потреба од уред кој нема да ги изневери, што е до нив, без оглед на тоа дали им е потребен во деловниот или приватниот живот. Galaxy Note 9 е создаден за задоволување на сите потреби на корисниците “, рече Милан Вујовиќ, маркетинг директор на Самсунг за Балканскиот регион. “Со најголемата батерија досега на премиум Galaxy телефон, со доволно голема меморија, одличен фотоапарат, висококвалитетен процесор и поддршка за највисоките достапни брзини на мрежата на пазарот, Galaxy Note9 држи чекор со бараниот дневен ритам на корисниците.”

Galaxy Note9 има батерија од 4000 mAh, што е најголема досега на премиум Galaxy телефонот. Токму овој капацитет на батерија овозможува целодневна работа со само едно полнење. Најновиот уред на Samsung има две опции за внатрешна меморија – 128 GB или 512 GB. Со можност за вметнување на microSD картичка, тој исто така може да понуди 1TB што е доволно простор за вашите омилени фотографии, видеа и апликации.

Уредот има врвен процесор од 10nm и ги поддржува највисоките достапни мрежни брзини на пазарите (до 1,2 гигабити во секунда). Ова овозможува директен стриминг, како и преземање од интернет без забавување на уредот. Исто така, постои и најдобар систем за ладење со развиен систем за размена на топлина помеѓу вода и јаглерод, како и алгоритам базиран на вештачка интелигенција, вграден во самиот уред, кој ја прилагодува работата на телефонот за постигнување на моќни и стабилни перформанси.

S Pen е најпрепознатливата карактеристика на серијата Note. Note9 доаѓа со можност за Bluetooth конективност со ниска енергија. Со едноставен клик, сега можете да сликате селфи или групни фотографии, да пуштите или да застанете видео. Програмерите ќе можат да ги интегрираат новите, напредни BLE функции на S Pen во нивните апликации подоцна оваа година.

Камерата на Galaxy Note9 е најпаметниот Samsung фото апарат досега. Таа користи вештачка интелигенција за да ги утврди елементите на фотографијата, како што се позадината и предметот на фотографијата. Потоа автоматски ја класифицира во една од 20-те категории, автоматски оптимизирајќи ги поставките за таа фотографија врз основа на дадената категорија. Дополнително, Galaxy Note9 го известува корисникот ако фотографијата е заматена или леќата е нечиста, па корисникот може да слика повторно. Со уникатна комбинација на напредни функции за вештачка интелигенција и водечки премиум хардвер, камерата на овој уред е најдобрата на пазарот. Се одликува со напредна технологија за намалување на шумот и леќа со двојна бленда, која се прилагодува на светлосните услови како човечкото око. Без оглед на осветлувањето, камерата дава кристално чиста снимка.

Galaxy Note9 има 6,4-инчен екран, од крај до крај, што е најголем екран на кој било Note уред досега. Бесконечниот Super AMOLED дисплеј овозможува целосно уживање на визуелната содржина. Тој е надополнет со стерео звучници со поставувања на компанијата АКГ, како и со способноста да се репродуцира содржината со Dolby Atmos технологијата за совршено реалистичен

звук. YouTube го прогласи Galaxy Note9 за златен стандард, уред кој може да обезбеди најдобро искуство за уживање во содржината на YouTube во својата класа.

Galaxy Note9, исто така, носи искуство слично на употребата на компјутери со користење на Samsung DeX решение. Корисниците можат да работат на презентации, да ги уредуваат фотографиите и да ја гледаат нивната омилена серија, и тоа се од нивниот телефон. Кога е поврзан со монитор, Galaxy Note9 може да работи на виртуелна работна површина, па дури и да служи како целосно функционален втор екран.Galaxy Note9 има брзо безжично полнење, IP68 сертификат за отпорност на вода и на прав, како и Samsung Health.

Тој има биометриски безбедносни опции, како што се скенирање на отпечатоци од прсти, држење на телото и препознавање на лице. Исто така, Galaxy Note9 и SmartThings може да се користат за контрола на поврзаните уреди или за постигнување на повеќе работа со персонализиран, интелигентен асистент – Bixby.

Преку партнерство со Spotify, лесно е да се направи пренос и синхронизирање на музика, плејлисти и подкасти меѓу Galaxy Note9, паметниот часовник Galaxy Watch и паметните телевизори на Samsung.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi