Уред кој може да се полни со мрдање на прсти

27 март, 20180
4

Денес сите имаме по неколку уреди кои секојдневно мора да се полнат, некои и по неколку пати. Иако постојат такви кои можат да се полнат и безжично, пак и уредите кои тоа го овозможуваат мора да се вклучени во струја. Во многу случаи, процесот на полнење минимално е еволуиран во последнава декада.

Сега, истражувачи од универзитетот во Бафало и кинеската академија на науките можеби го развиле следниот чекор во оваа еволуција, кој нема да побарува уредите за полнење да се вклучени во струја. Сè што би било потребно е специјален метален предмет и малку движење на телото.

Тајната е во ефектот наречен трибоелектрично полнење кое се случува кога материјалот електрично се полни откога ќе дојде во контакт со триење со друг материјал. Ова се случува во секојдневниот живот бидејќи така се создава статичкиот електрицитет.

Ваквата контактна електрификација досега било тешко да се претвори во корисен извор на енергија бидејќи најчесто или материјалите биле претешки за производство или тоа било неисплатливо.

Новосоздадената метална плочка развиена од истражувачите ги нема овие карактеристики. Таа е составена од два тенки слоја од злато помеѓу кои се наоѓа парче на силиконски базиран полимер наречен полидиметилсилоксан, кој обично се користи во контактните леќи и некои видови на пластелин.

Кога едниот слој од злато се растегнува и отпушта, тој се гужва – а со повторно аплицирање на сила врз него, движењето помеѓу двата слоја злато и полимерот создава триење поради кое се создаваат електрон. Колку поголемо е триењето, толку повеќе електрицитет се создава.

Како демонстрација во нивната студија, истражувачите користеле метална плочка долга само 1.5 сантиметри и широка 1, која со триење со прсти генерирала 124 волти – доволно да напојуваат 48 црвени LED сијалички истовремено.

Ова е само зачеток на ваквата технологија за која истражувачите се надеваат дека наскоро ќе може да се искористи за создавање материјали со кои би можеле со едноставни движења со прсти да се напојуваат смартфони и останати преносни гаџети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi