13 работи што треба да престанеме да ги правиме. Уште денес, уште сега!

1 јуни, 20180
3

Зошто некои луѓе се посреќни од другите? Зошто успеале, зошто работите секогаш им одат од рака? Можеби е среќа, можеби е судбина, а можеби е едноставно прашање на став и … правилно однесување!

Затоа топло ви советуваме да се ослободите од неколку многу штетни навики кои и пречат на вашата среќа. Направете го тоа уште денес, уште сега!

– Престанете да разговарете со луѓе кои ви ја спуштаат самодовербата!

– Престанете да живеете во минатото. Не можете да го вратите, ниту да го промените.

– Престанете да се обидувате да контролирате се. Никој не успеал, исто така нема да успеете ни вие.

– Престанете да им угодувате на сите!

– Не плашете се да ризикувате. На крајот на краиштата, подобро да пробате и да не успеете, отколку никогаш да не пробате.

– Научете како да кажете “НЕ” и “Не можам”!

– Престанете да мислите “Ама што ќе кажат луѓето? “ Луѓето СЕКОГАШ ќе зборуваат .

– Престанете да го минувате вашето слободно време помеѓу четири зида. Оставете ги компјутерите, телевизорите и излезете на отворено.

– Престанете да се занимавате со глупости! Тие воопшто не се “слатката страна на животот”.

– Престанете да собирате непотребни предмети! Фрлете се што не сте го употребиле повеќе од една година.

– Престанете да се жалите! Никој не ви е виновен за било што. Вие сами сте одлучиле да му верувате, да постапите на одреден начин или да се врзете со одредени луѓе.

– Престанете да се мрштите. Не знаеме дали позитивното размислување со сигурност ќе ви помогне да ви се случуваат убави работи. Но сигурно знаеме дека негативното нема да помогне.

– Престанете да судите ! Секој си има своја историја, своја вистина и свој начин на размислување. Вие исто така.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *