Човекот сам себе си е најголем непријател!

16 февруари, 20180
14

Ако добро размислите во најголемиот дел од случаите самите сте си ја поткопале среќата и шансите. Има работи кои треба да престанете да ги правите за да живеете поспокојно и подобро.

Заборавате на своите потреби

Луѓето околу вас се важни и не треба да бидете себични гледајќи се самo себе, но ако доволно долго седите во ќошот заборавајќи дека и вие имате потреби што треба да бидат задоволени и денови за живеење, ќе стане предоцна и времето нема да можете да го вратите.

Се правите нешто што не сте

Стандардите денес се поставени од многумина. Начинот на облекување, однесување, општиот начин на живот е диктиран од сите страни. Да, возможно е да се изгубите себеси покрај толку многу примери од страна кои погрешно ги следите, но ако тоа трае предолго ќе станете личност без идентитет.

Се држите до минатото

Има неколку работи што не се враќаат назад. Една од нив се пропуштените прилики – за нив залудно ќе жалите. Луѓето што сте ги изгубиле не треба да ги заборавите, но воедно не треба очајно да се држите за нив, затоа што на тој начин нема да ги вратите.

Се јадосувате за грешките

Опседнувањето со грешките нема да ги избрише последиците ниту магично ќе го реши проблемот. Само можете да добиете напади на паника и со тоа да направите уште повеќе грешки во иднина. Научете ја лекцијата и продолжете понатаму. Не постои друг начин.

Создавате проблеми во својата глава

Човек најчесто се измачува со мисли кои се плод на неговата несигурност. Како последица на тоа, создавате проблеми во својата глава кои би можеле да се јават во иднина и се измачувате со решенија иако станува збор за нешто што не се ни случило. Со сигурност има некој постоечки проблем на кој можете да се фокусирате наместо на замислениот.

Одбивате да влезете во нова врска, поради старата

Тоа што претходната врска завршила лошо од икс причини, не значи дека секоја следна личност што ќе ја сретнете ќе ве изложи на истите стресови и трауми. Луѓето често забораваат дека стравот од лоши врски потекнува од конкретна личност и сосема неправедно сите предрасуди и ги наметнуваат на следната која ќе се појави во нивниот живот.

Се натпреварувате со сите

Не постои човек кој успеал да победи на сите полиња. Здраво е да се има натпреварувачки дух, но тоа може сосема да ви се удри од глава, ако почнете да се натпреварувате со сите – колеги, пријатели, партнерот. Ќе изгорите премногу брзо.

Самосожалување

Најлесната работа што можете да ја направите кога ќе се случи нешто лошо – свиткајте се и почнете да си ја оплакувате судбината. Има и друга варијанта – да го издржите периодот и да се изборите за подобри денови. Вие видете која од овие варијанти е подобра за вас.

Држите лутина

Памтите сè што ви згрешила и кроите планови како да се одмаздите за нешто што ви било направено пред година дена. Колку енергија сте потрошиле на вакви мисли, обидувајќи се да смислите најдобар начин да казните некој што ви згрешил нешто или рекол нешто погрешно? Не е здраво да се живее со толку омраза во себе.

Работите без престан

Имате навика сè да работите до истоштување? Не земате здив, ниту си дозволувате пауза која мислите дека само ќе ве забави. Што мислите колку време човек може да работи продуктивно со таков однос и колку ќе жалите за работите што сте ги пропуштиле поради тоа што сте биле толку многу фокусирани на работата?

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *