Достоевски: Ви кажувам дека насмевката е најсигурната проверка на душата

7 август, 20180
12

Познатиот руски писател Фјодор Достоевски кој се смета за основач на егзестенцијализмот се обидел да ги поучи луѓето како да ги распознаваат другите луѓе. Тој раскажува дека тоа можат да го направат според насмевката, а како откријте подолу.

„За насмевка, пред сè е потребна искреност, а зарем има искреност во луѓето?

За насмевка е потребна добродушност, а најчесто луѓето се смеат злобно.

Искрена насмевка значи радост, а зарем има кај луѓето во денешно време радост и дали луѓето знаат да бидат весели?

Среќата на човекот е неговата највпечатлива црта, која го издава најмногу.

Потребно е долго време да запознаете нечиј карактер, но штом човек еднаш се насмее искрено, ќе ви го покаже цел свој карактер, на дланка.

Само високо возвишен и среќен човек може да биде весел и да ги зарази другите со својата неодоливост и добродушност.

Не мислам на неговиот умствен развој, туку на неговиот карактер, на целината на човекот.

На тој начин, ако сакате да го откриете човекот и да ја запознаете неговата душа, не набљудувајте го додека молчи, зборува, плаче или се возбудува од луди идеи, туку набљудувајте го додека се смее.

Ако добро се смее, тогаш е добар човек.

Јас затоа ви кажувам дека насмевката е најсигурната проверка на душата. Само погледнете ги децата, тие се смеат до совршенство и баш поради тоа се привлечни.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı