Емоциите се жедни за слобода. Дајте им ја!

25 јуни, 20180
8

Неодамна наидов на следиве зборови: “Силен е оној кој се смее додека срцето му плаче”.

Глупости! Ова ви го вели човек кој многу добро го знае тоа. Да се насмевнеш, додека во тебе се е стуткано, да покажеш среќа додека пред себе гледаш само темнина… Мислите ли навистина дека ова е сила?

Не, не е. И знаете ли зошто? Бидејќи зглавените емоции секогаш ги кинат оковите – порано или подоцна. Неизбежно е. Но ако не си им дал слобода, тогаш кога требало, тие се излеваат внатре во твојата душа. Болката не си оди, очајот не исчезнува, дури напротив. Тие ќе те проголтаат. Бидејќи немаш храброст да ги искажеш и да ги декларираш пред другите, пред светот и најмногу пред себе, што по ѓаволите не ти е во ред! Од што всушност имаш потреба.

Верувајте, емоциите и чувствата ни се жедни за слобода. И тие не простуваат на оној кој нема сила да им ја даде.

Мислиш дека кога некој те повредил, а ти се смееш и се однесуваш како да не си навреден, тоа е благородноста? Мислиш дека кога сакаш, но покажуваш рамнодушност, тоа е разумен начин да ја избегнеш болката и разочарувањето? Мислиш дека кога си тажен, но излегуваш и се “забавуваш”, ќе ја победиш маката…

Па продолжи да си мислиш! Но сето тоа се нарекува едноставно бегство од себе. А од тоа има ли поголема слабост?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *