Не ги мешајте страста и љубовта! Цената е превисока! (Вистинска приказна)

18 јануари, 20180
14

Целиот наш живот е вечна борба меѓу срцето и разумот! И, иако повеќето од нас веруваат дека срцето никогаш не греши, јас сосема одговорно ќе ви кажам дека тоа не е така! Срцето е понесено од емоции, кои во комбинација со голема доза на еуфорија, создавват погрешни заклучоци. Заклучоци дека сакаш, а всушност си тогаш, во заблуда. Заклучоци дека си рамнодушен, а всушност си оставил здодевноста да те излаже. Заклучоци дека треба да направиш храбар чекор напред кон најголемата среќа, а таа всушност те чека стуткана во темниот агол од собата.

Наидов на една вистинска приказна, која откако ја прочитав не излегуваше од мојата глава. Приказна која нема да ви каже кој е во право – срцето или разумот. Но сигурно ќе ве натера да размислите кои се најважните работи во вашиот живот!

“Се вратив дома доцна, но жена ми ме чекаше. Додека ми сервираше едно од моите омилени јадења, јас и дадов плик со документи и и реков дирекно: “Сакам развод”!. Таа ме погледна и промрмори тивко: “Добро. Но зошто?” Немаше зошто да ја лажам. Таа одамна се сомнева за мојот однос со Ана. Затоа бев искрен, дека моето срце и припаѓа на друга жена. Жена ми ништо не рече и отиде да ми донесе уште малку леб. Ми стана чудно. Воопшто не се караше, не бе обвинуваше, не ми ни кажа дека сум свиња! Ми посака добра ноќ и си легна.

Следното утро ги најдов документите за разводот – потпишани! Таа немаше апсолутно никакви претензии кон менe – ниту автомобилот, ниту живеалиштето, ниту денар од вкупниот наш буџет. Ова тотално ме вџаши! И токму тогаш влезе. Ми рече дека не сака ништо матерјално од мене, но има само 3 молби. Првата беше да ги потпишам документите по еден месец. Добро! Тоа не беше никаков проблем за мене, ќе почекам. Второто барање беше да не кажувам на нашиот мал син до последно. Не сакав да кријам толку важно нешто од него, но до сега, признавам, жена ми секоаш знаеше што е најдобро за нашиот син. И третото барање најмногу ме зачуди. Таа сакаше да ја носам на раце до спалната секоја вечер во текот на овие 30 дена. Онака како што сум правел на денот на нашата свадба и уште неколку месеци потоа. Прво ми доаѓаше да и кажам да престане со тие глупости, но потоа си помислив дека таа не сака ништо друго од мене, затоа се согласив.

Дојде вечерта и јас ја зедов на раце кон нашата спална соба. Не бевме интимни долго време, затоа се чувствував прилично непријатно. Но токму во тој момент се појави нашиот син и радосно извика: “Ха, тато ја носи мама!” Започна една искрена детска смеа и радост, која дирекно го прободе моето срце. Ја однесов сопругата. И ништо. Само што ми се чинеше малку полесна од пред тоа… Втората вечер сликата беше горе-долу иста, а по неколку дена нашиот син со нетрпение го чекаше моментот кога тато ќе ја носи мама на раце. Толку многу се забавуваше!

И јас почнав да се забавувам. Дури и ми стануваше се попријатно да ја чувствувам жена ми блиску до мене. Сватив дека многу долго време не сме ги допреле телата. Како дозволивме да дојде до тука?! Едната вечер толку многу сакав да ја бакнам, но се запрев. Јас го донесов своето решение и немаше враќање назад.

И последниот ден од месецот дојде. Ја зедов жена ми во раце и тргнав кон спалната. Не сакав да ја пуштам! Но веднаш ја избркав таа мисла од главата. Бев обврзан кон Ана. Таа со нетрпение чекаше да пројде овој месец и да бидам со неа. Тогаш еден ѓавол во мојата глава викна: “Будала, не беше ли обврзан кон семејството!” Си легнав и неможев да заспјам. Го гледав нејзиното кревко тело до мене. Беше толку блиску, а во исто време толку далеку. Толку сакав да ја повлечам, да ја прегрнам и така да останеме до утрото. Но не го направив тоа. Донесов одлука и немаше враќање назад.

Следното утро тргнав кај Ана, за да и кажам дека веќе спокојно можеме да бидеме заедно. Но кога таа ја отвори вратата, јас веќе знаев дека не можам да го направам тоа. И реков: “Жал ми е, не сакам да ја оставам жена ми, ја сакам!”. Ана ми залепи шамар. Ми ја тресна вратата пред нос. Чудно, но не ме заболе. Немав трпение да се вратам дома – кај жена ми.

Застанав пред една цвеќара, купив огромен буќет рози и разгледница на која напишав: “Сакам да те носам секоја вечер на раце до нашата спална соба. Додека смртта не не раздели!” Во еден здив ги искачив скалите и влегов дома. Потпевнував, бев многу весел, чувствував дека моето срце е преплавено од љубов не кон кого да е, туку кон мојата жена! Милата, нежната, паметната, прекрасната… Каква будала сум бил да барам интимност на друго место, наместо да се потрудам да ги решам проблемите во бракот.

Жена ми ја немаше во дневната соба. Влегов во спалната и ја видов како лежи на креветот… Ми се стемни! Беше бела како платно, ладна и не дишеше. Ја тресев, ја бакнував, викав, но таа не ми одговараше. Тогаш видов една мала белешка на нејзиното ноќно шкафче. Таму пишуваше дека повеќе од една година таа се борела со една од најпознатите предавнички болести – рак. Боже, бев толку зафатен со Ана, дури не сум ни забележал. Пишуваше дека не ме обвинува и ми се заблагодраува што сум и ја исполнил нејзината најголема желба, нашиот син да запомни дека мама и тато до последно се сакале, како на денот на нивната свадба.

Не знам дали некогаш ќе си простам, зошто дозволив да се грижам за друга, кога најскапата била во мојот дом. Зошто ја измешав страста со љубовта, зошто не се борев за вистинската! Онаа која ја имав со жена ми. Го пишувам ова со болка во срцето, но ве молам, научете нешто од мојата грешка. Дајте шанса, борете се, затоа што, штом сте решиле да креирате семејство со еден човек, сигурно сте доживеале силни чувства кон него! Борете се, не се откажувајте! Најлесно е да избегаш. Но штом избегаш, враќање назад нема… Животот ни става стапици. И тоа заводливи стапици! Само што се си има цена! Цена која не секогаш ќе бидете подготвени да ја платите!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *