Понекогаш мора да поминеме низ бурата, за да добиеме сончево утро…

7 јуни, 20180
6

Лошите денови се исто така дел од секојдневието и дел од нашиот живот. Понекогаш мора да поминеме низ бурата, за да добиеме сончево утро.

Наместо да седите и да жалите за лошите денови кои се заредиле еден по друг, прочитајте ги овие цитати, инспирирајте се и свртете го лошото во сопствена корист:

1. Негативните мисли никогаш нема да ви дадат позитивен живот.

2. Вистинскиот доказ за зрелост е кога некој ќе ве повреди, а вие се обидувате да ја сфатите нивната ситуација, наместо да се обидувате да повредите на ист начин.

3. Грешките се доказ дека се обидувате!

4. Грижата нема да ги реши утрешните проблеми, туку таа ќе ви го одземе денешниот мир.

5. Болката не се појавува туку така во нашиот живот. Таа е знак дека е време нешто да промениме.

6. Не е товарот тој кој ве забавува, туку начинот на кој го носите.

7. Вербата не ги прави нештата полесни, туку возможни.

8. Секогаш, ама буквално секогаш верувајте дека нешто прекрасно допрва ќе се случи.

9. Бидете тоа што сте, а не тоа што светот сака да бидете.

10. Суштината на хаосот е тоа што освен што нè вознемирува и попречува, тој ги зајакнува нашите срца на таков чудесен начин, што самите успеваме да ја пронајдеме магијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *