21 октомври, 2018

Радио

Халштат е мал град со неверојатни погледи помеѓу Салцбург и Грац, во округот  на езерото Салцкамергут во Австрија .Сметано за едно од најстарите населени места во Европа, Халштат е место на наследство на УНЕСКО и важна австриска туристичка атракција.

Населбата го носи името на културата Халштат, доминантна централно-европска култура во раното железно време. Во малото гратче се пронајдени стари гробишта, за кои се вели дека датираат од тоа време. Исто така познат како “Бисер на Австрија”, Hallstatt е навистина спектакуларен, поради својот “чувар на езерото Hallstättersee” и прекрасните планини околу него.

Половина час е повеќе од доволно време за прошетка низ овој град од едната до другата страна. Всушност можеби и “мора” да биде прошетка, бидејќи на автомобилите им е забрането да се движат тука од мај до октомври, од 10 до 17 часот.

Hallstatt е исто така познат по Првиот светски рудник за сол и прекрасните солени пештери кои можат да ги посетат туристите. Замрзнатите пештери се исто така фасцинантни. Кога ќе стигнете до Hallstatt, не заборавајте да го посетите Музејот за културно наследство и Beinhaus (“Куќа на коски”), со цел да се запознаете со историјата на местото.

Има многу работи што треба да ги направите во Халштат,а ние ќе наброиме само неколку: пловење, пешачење, сурфање, посета на рудниците за сол и замрзнатите пештери. Во текот на летото, FKK нудисичката плажа е многу популарна.

Доаѓањето е можно со воз. Од главната линија меѓу Салцбург и Виена, симнете се кај Attnang-Puchheim. Земете воз од тука до Bad Ischl and Obertraun. Станицата Халштат е на југ од Bad Ischl и на една станица северно од Obertraun, на источниот брег на Hallstättersee (Hallstatt Езеро) и има бродско пристаниште до пругите. Редовната услуга на фериботот ќе го пресретне секој пристигнат воз и ќе ве однесе до градот низ езерото.

Еден од најдобрите погледи на Hallstatt е од овој ферибот при возењето низ езерото, особено во утринските часови кога сонцето сјае над градот.

Beautiful Town Hallstatt In Austria

Beautiful Town Hallstatt In Austria

Gepostet von Best Destinations To Travel am Freitag, 28. September 2018

 

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Hallstatt – Австрија, најубавиот град кој излегува на езеро
Горе