Луксузни дестинации за Денот на вљубените

14 февруари, 20180
9

Сè уште немате дестинација со саканата личност за Денот на вљубените? Погледнете го нашиот предлог за топ 5 луксузни места за одмор, совршени за Денот на вљубените или било кој романтичен одмор.

Mandarin Oriental Hotel во Париз

Релаксирајте се со саканата личност во градот на светлината. Размазете се со престој во фантастичниот и луксузен хотел Mandarin Oriental во Париз. Вашето уживање започнете го со шише софистициран ладен шампањ и кревет украсен со ливчиња од ружа. Потоа посетете го спа центарот на овој хотел и уживајте во еден од бројните третмани за парови.

Sun Gardens во Дубровник

Многу познати личности беа редовни гости на овој прекрасен хрватски град. Ова место е совршено за Денот на вљубените, отсликувајќи љубов и романика во секој свој дел. Sun Gardens во Дубровник е совршен хотел за романтичен викенд, во било кој ден во годината, но за Денот на вљубените нуди некои посебни и романтични услуги.

Le Manoir Aux Quat’Saisons во Оксфорд

Доколку сте љубител на старомодниот и класичен луксуз, ви гарантираме дека престојот во Le Manoir многу ќе ви се допадне. Оваа луксузна вила која е претворена во луксузен хотел, ви нуди единствено уживање на Денот на вљубените, која се посветени на славењето на љубовта.

Angsana Balaclava на Маурициус

За оние со авантуристички дух, предлагаме посета на Маурициус. Поминете романтичен ден со саканата личност во овој рај на земјата. Уживајте во романтичните пакети специјално дизајнирани за Денот на вљубените. Започнете го својот романтичен ден со воздушна прошетка и уживање во рекрасното рајско опкружување.

Ampersand Hotel во Лондон

Романтично патување во Лондон е совршено за секој ден, не само за Денот на вљубените. Посетете го хотелот Ampersand за едно навистина посебно искуство, кое ќе ги одушеви сите вљубени двојки. Доколку сакате да ја оставите без здив од одушевување, ви советуваме да резервирате делукс студио, кое се состои од голем кревет, преубави кади и импресивен поглед на Лондон. Со своите преубаво ентериери инспирирани од ботанички градини, овој хотел поттикнува расцетување и на љубовта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *