Подготвени сте за патување? Прочитајте ги 10-те патнички митови!

18 јануари, 20180
1

Патувањата можат да бидат незаборавни искуства. Меѓутоа, наспроти тоа што светот станува се „помал“, стравот од непознатото е заеднички за сите луѓе.

Полу-вистини кои се наменети да се направи патувањето повозбудливо, а дестинацијата по-опасна од нас останатите се прифаќаат како сосема точни. Ви ги претставуваме 10 вообичаени патувачки приказни кои заслужуваат да се земат со претпазливост.

Додека некои се засноваат на вистини, но со придодадена хипербола, други се чисти глупости. Сега да ги побиеме 10-те патнички митови.

10. Вклучен мобилен ќе го сруши авионот

Постои страв дека мобилниот телефон ќе се замеша во работата на пилотските инструменти, што би можелло да предизвика несреќа. Иако во ова тврдење сеуште се верува, студија на американските Сојузни авијатичарски администрации оваа теорија неможат да ја докажат.

Наспроти тоа, многу авио-превозници дозволуваат употреба на мобили телефони.

Мит? Веројатно.

9. Таблети од маларија не ве штитат од неа

Поголемиот број на лекови против маларија ефикасно делуваат во 85-100% оф случаевите. Тие ја намалуваат можноста да се разболите но не ве штитат во потполност од неа. Истото важи и за сувата сезона, за која важи дека во текот на неа комарците не се активни.

Не се наслонувајте само на таблетите – посебно маларијата може да биде резистентна на многу од нив.

8. Курсот е подобар дома

Лесно е еда се претпостави дека курсевите во менувачниците се поповолни дома, но тоа баш и не е точно. Кога во странство ги менувате парите можете да пронајдете поповолни ако ако користите специјални банковни сметки или кредитни картички кои не наплаќаат провизија. Тоа е најдобро решение.

7. Со резервација однапред  заштедувате пари

Ова делумно е точно. Кртите воглавно се поефтини во месеците пред летот отколку непосредно пред него. Ако имате време да ги пратите цените и понудите на дестинациите, повеќе ќе ви се исплати опцијата „last minute“. Оваа стратегија е ризична и ќе ви биде потребна среќа, но ризикот може да се исплати.

6. Во странство мора да се ценкате

Точно е дека на многу дестинации и во многу култури ова се очекува. Некаде, кога ќе здогледаат турист, локалците ја зголемуваат цената обидувајќи се да искористат некој кој не ја знае вистинската вредност на предметот. Ако подобро размислите, здравиот разум ќе ве наведе да дознаете кога ве лажат. Дали навистина е важно дали ќе платите евро повеќе за нешто? И само затоа што можете да се ценкате, не значи дека тоа треба да го правите.

5. Во странство ќе ве опљачкаат

Уште едно доста често убедување бидејќи другите места се поопасни од нашиот град. Но реалноста воглавно е поинаква. Многу странски земји имаат стапка на криминал многу пониска од местата кои ги нарекуваме „дома“. Криминалците, нормално, ја бараат својата жртва, а туристите тоа и се. Но со користење на некои мерки на претпазливост ќе бидете сосема безбедни.

4. Џет лег се појавува поради недостаток на сон

Ова е класичен мит. Сите патници кои патувале со саати го имаат искусено џет лег. Брзото менување на временските зони за организмот е прилично вознемирувачко и затоа често се поистоветува со умор. Вистината е дека џет лег има малку врска со тоа колку ќе спиете во авионот. Тој е поврзан со биолошкиот часовник кое телото го користи да го регулира апетитот, трелесната температура и крвниот притисок.

3. Излетите на пружаат автентично доживување

Некои туристи повеќе сакаат да посетат некои места во сопствена организација кога одат на одмор. Меѓутоа, добро организирана агенција со образувани водичи кои можат да ви овозможат подобро доживување. Тој може да ве научи на нешто што не сте го знаеле и да ви покаже места кои можеби вие самите би ги пропуштиле.

2.Сите разбираат англиски

Англискиот јазик е најраспространетиот јазик на светот, но не го зборуваат сите. Некои места немаат услови за учење на овој јазик, додека други форсираат национален идентитет и култура па сопствениот народ не го изложуваат на преголема мера на овој јазик. Последните истражувања покажуваат дека англискиот јазик го разбираат 1,8 милијарди на луѓе, што е „само“ третина од светската популација.

1. „Last minute“ летовите се најефтини

Да, пред неколку пасуси кажавме дека подобро ќе поминете со овие летови отколку со оние резервирани однапред, но… Ако авио-превозникот сака да го пополни преостанатото место, тој значајно ќе ја спушти цената; но кога се работи за популарни дестинации, колку покасно ќе резервирате карта поскапо ќе ја платите. Тоа е едноставно прашање на понуда и побарувачка. Што помалку седишта останат, авио-компанијата поскапо ќе ги наплати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *