Шефшауен: Град во стотина нијанси на сина

20 септември, 20180
с

На север од Мароко, околу 100 километри од Гибралтарскиот брег, се наоѓа градот Шефшауен, еден од најважните туристички места во Африка.

Основан е во 1471 година како мала воена тврдина, чии остатоци можат да се видат и денес. Градот бил под управа на Шпанија од 1920 до 1956 година, кога Мароко доби независност.

“Ништо посебно”, може да се каже, сè додека не се погледнат фотографиите од оваа магична населба, во која живеат околу 42.000 жители.

Скоро сите градби во Шефшауен се украсени во сино, што на градот му дава неверојатна, сонлива атмосфера.

* Еврејското верување е дека сината боја претставува небо, што ги потсетува луѓето на рај и на Бога. Постои голема традиција во еврејските заедници поради што работите се обојуваат во сино, особено килимчињата за молитви.

*Некои луѓе веруваат дека најраните Евреи во Шефшауен го вовеле овој обичај да ги обојат ѕидови во сина боја поради религијата и културата. Многу локалци велат дека сините обоени ѕидови биле пронајдени само во еврејски дел, додека остатокот од градот бил претходно обоен во бело.

* Некои локалци велат дека сината боја ги одржува ладни домовите во текот на топлите месеци. Иако ова веројатно не беше оригинална намера, сепак е валидна причина зошто сината боја продолжува да се користи и во модерните времиња.

* Некои жители на оваа тврдина велат дека ѕидовите Шефшауен се бојат со сина боја, за да се претстави светликавата боја на Медитеранот. Други веруваат дека сината боја го претставува Рас ел Ма водопадот од кој граѓаните добиваат вода за пиење.

Градот се одликува со шпанска и маорска архитектура, покрај доминантната сина боја, тука се и белите елементи во декорацијата на скалите и градбите.

Поради овие свои специфичности, како и поради тоа што има многу продавници за ракотворби, ресторани кои служат вкусно козјо сирење, Шефшауен е се повеќе популарна туристичка дестинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *