Слушнете, почуствувајте, замислете… Кенија!

24 септември, 20180
d2

Кенија се наоѓа во источна Африка. На југоистокот излегува на Индискиот Океан, чии брегови се погодни за развој на туризмот.

На крајниот југозападен дел Кенија излегува на езерото Викторија, кое по површина е второ по големина во светот. Како и повеќето Афрички континенти, Кенија владее со тропска клима.

Во пристанишниот дел топлината и влагата се големи, додека временските услови во внатрешноста се умерени. Главната туристичка сезона во Кенија е во текот на јануари и февруари.

Главниот град на Кенија е Најроби, кој е исто така и најголемиот град. Момбаса е втор по големина град во Кенија и е сместен покрај брегот на Индискиот Океан, па затоа е и најинтересен за странските патници.

Во најголем дел лежи врз островот, додека со копното е поврзан со мост. Момбаса е најголемото пристаниште. На улиците има премногу метеж додека такси услугите се многу евтини.

Кенијците се генерално многу гостољубиви и секогаш се трудат да ви ја покажат својата земја во што поголема светлина и без никакво вознемирување.

Ќе ве дочекаат срдечно, со прегратка и насмевка, и со традиционалниот поздрав „Карибу Кенија“ – добредојде во Кенија. Во Кенија се е со насмевка и по принципот “хакуна матата”, што на свахили значи без проблем.

Кенија е земја каде што  природата не штедеше, што е потврдено со националните паркови и природни резервати, кои се преполни со фасцинантен растителен и животински свет. Токму посетата на овие одбележја го подразбира патувањето во Кенијa.

Најдобрите сафари во светот, каде што животните може да се видат во своето сосема природно обиколување на само неколку метри, стеблата на баобаб, егзотичните пазари преполни со ароматизирани растенија, села кои “застанале во времето”, жешката тропска клима – е токму тоа што Кенија им го нуди на своите посетители.

Истражете нешто ново, нешто сосема друго. Истражете ја Кенија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı