20 септември, 2018

Радио

Еден збор: Нереално.

Хотелот кој ќе ви го откриеме овој пат, Anantara Kihavah Maldives Vilas победи во сите три категории, поради што не сме изненадени што беше прогласен за хотел кој најмногу пати беше објавен на популарната социјална мрежа Инстаграм.

Се наоѓа на еден мал остров во Индискиот Океан, овој уникатен хотел со своите вили нуди луксуз, а и изолиран одмор во исто време, кој одговара на секоја желба,  давајќи ни можност потполно да се одвоиме од барањата на секојдневниот живот.

Многумина веруваат дека кога е овој вид на дестинација во прашање нивните опции за забава и релаксација се ограничени, бидејќи тие се наоѓаат на островот, но, всушност, ова одморалиште всушност нуди шест ресторани со различни кулинарски понуди!

Величествените вили над вода имаат кади на отворено и приватени базени, од кои можете да уживате во неверојатни зајдисонца.

Самиот остров има бел, нежен песок и кристално чиста вода, што ја прави секоја слика фантастична, без многу напор.

Инаку, одморалиштето насловот о најпопуларно на Instagram го доби по гласањето на корисници на интернет – дури 121.000 гласови се добиени во текот на истражувањето, а 45.385 отидоа на одморалиштето Anantara Kihavah.

Признајте дека еден поглед на овие фотографии ве наведува да започнете да сонувате за одмор.

Life imitates art 🎨 #anantarakihavah #maldives #aerial #picoftheday

A post shared by Anantara Kihavah Villas (@anantarakihavah) on

 

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Со цел: Ова е најпопуларниот хотел на Instagram
Горе