Повеќе авиони, помалку несреќи: најсигурна година во авио превозот

11 јануари, 20180
download

Од 1992 година, до денес, значително е намален бројот на авионски несреќи. Напредокот на технологијата, подобрување на обуките за пилоти, зголемена глобална сигурност, се само дел од причините зошто е намален бројот на авионски несреќи. Тоа е и причината зошто с еповеќе луѓе се решаваат да патуваат со авион.

Image result for pilot

Ако познавате некој кој има страв од летање, време е да го запознаете со статистиките од минатата година. Според добиените податоци, во авионска несреќе, животот го изгубиле 44 лица, а годината пред тоа 103 лица, вкупно во 16 несреќи.

Додатно на тоа, последниот ден од минатата година, било поставен рекорд од 399 дена без несреќа на патнички авион, последната несреќа била во ноември 2016 година, кога од 77 патници, 71 го изгубиле животот. Се разботи за несреќата на бразилската фудбалска екипа на клубот Chapecoense. Од несреќа каде животот го изгубиле повеќе од 100 парници, се поминати 800 дена.

Ако овој тренд продолжи, еден ден веќе нема да има несреќи на небо.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *