10 нови идеи и рецепти како да послужите лубеница

4 јули, 2018
11

Лубеница – овошјето кое е синоним за лето и разладување во жешките денови.

Освежителна и сочна, таа е идеален десерт, појадок или вечера за деновите кога ништо не ви се јаде од што ви е топло.

Но, кој рече дека таа се служи само исечена на парчиња?

Станете мајстор за послужување лубеница:

1. Сорбет во кора од лубеница

Внатрешноста на лубеницата иситнете ја во блендер, додадете малку лимонов сок и шеќер по желба и замрзнете ја смесата. Откако ќе се формираат гранули и ќе заличи на сладолед, наполнете ја кората со неа.

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-01.jpg

2. Лубеница на скара

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-02.jpg

3. Стапчиња лубеница, послужени со слатка павлака или шлаг

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-03.jpg

4. Срциња од лубеница

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-04.jpg

5. Сок од лубеница

Изгмечете малку лубеница, прелијте со минерална вода (обична или со вкус на лимон) и потоа додадете уште 8-10 мали коцки лубеница. Оладете пред послужување.

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-05.jpg

6. Чашки за шотови од лубеница

За забавите со пријателите лубеницата послужете ја на овој начин – со калап извадете парчиња лубеница со висина од околу 10-тина сантиметри, а потоа издлабете ги со мала лажичка. Наполнете со вотка и на здравје!

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-06.jpg

7. Лубеница торта

Исчистете ја кората без да ја сечете внатрешноста, премачкајте ја добиената „торта“ со шлаг, сечкани бадеми, ставете овошје по желба и сечете.

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-07.jpg

8. Желатин во кора од лубеница

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-08.jpg

9. Салата од лубеница со фета сирење, послужена во самата кора

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-09.jpg

10. Сендвичи од лубеница, во средината со џем по желба

10-novi-idei-i-recepti-kako-da-posluzite-lubenica-11.jpg