18 септември, 2018

Радио

Состојки:

2 лажици маслиново масло

150 гр. шампињони

1 мал кромид

1 чешне лук

50 гр. путер

2 лажици брашно

300 мл. млеко

200 мл. пилешка супа

рендано морско оревче

свежо мелен бел бибер

прстофат сол

грст свеж магдонос

500г. готово тесто

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени.

2. Во тава сипете го маслиновото масло и пржете го пилешкото, додека не стане бело.

3. Во тава додадете шампињони (исечени на четврини) и пржете додека пилешкото не зарумени.

4. Пилешкото и печурките извадете ги од тавата и додадете сецкан кромид и лук, а притоа пржете ги 2-3 минути. Потоа измешајте го лукот со пилешкото и печурките.

5. Истопете путер во масло, додадете брашно, мешајте и држете на оган 2-3 минути додека не се добие воедначена смеса.

6. Во чинија измешајте пилешка супа и млеко, додадете оревче, сол и бибер. Потоа измешајте со смесата од брашно и мешајте додека не се изедначи. Варете ја смесата на пареа додека не се згусне, со постојано мешање.

7. Прелејте го сосот преку печурките и пилешкото и сипете исецкани, свежи печурки. Оставете да се олади.

8. Готовото тесто ставете го во калап и рабовите премачкајте со јајце. Оставете да се олади.

9. Направете отвори на питата  и ставете ги во рерна. Печете 20 до 25 минути.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Американска пита со пилешко и печурки
Горе