Брз колач со шунка и јогурт

2 јануари, 20180
11

Домаќинки, ова е одлично за да ги изненадите сите околу Вас…

Лесно е и брзо, истовремено вкусно и едноставно…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Сол

Прашок за пециво

Кисели краставички

300 грама брашно

200 грама шунка

500 милилитри јогурт

Малку масло

200 грама кашкавал

4 јајца

Чај од мајчина душица

НАЧИН НА ПОДГОВОТВКА:

Рерната се загрева на температура од 190 степени.  Најпрво, во длабок сад се ренда кашкавалот. Во посебен сад се сецкаат шунката и киселите краставички, а во тред сад се мешаат: јогуртот, јајцата, брашното, солта, прашокот за пециво, со што ќе се добие изедначена смеса, без грутки. Потоа, се додаваат другите состојки: шунката, краставичките, кашкавалот, мајчината душица и маслото.

Се мачка плехот со масло, а врз него се става хартија за печење. Врз хартијата, се прелева соединетата смеса и се пече 30 минути. Додека е топла, веќе испечената смеса се сече на коцки.

Ве предупредуваме дека неколку минути после печењето, може да добиете барање за уште еден таков колач…

Вашите најмили ќе бидат презадоволни !

Уживајте!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi