Чизкејк со јаболка

20 февруари, 20180
8

Состојки:

  • 150 г кекси
  • 6 лажици путер
  • 3 јаболкa
  • 1 лажичка цимет
  • 1 ванилин шеќер
  • 300г крем-сирење
  • 4 лажици шеќер
  • 100 мл слатка павлака

Приготвување:

  1. Јаболката изрендајте ги или сечкајте ги на ситни коцкички.
  2. Во тава растопете лажица путер, додадете ги јаболката, циметот и ванилиниот шеќер па варете додека јаболката не омекнат.
  3. За тоа време во блендер ставете ги кексите, иситнете ги и додадете го путерот за да добиете смеса која можете со прсти да ја втиснете во калап.
  4. Измешајте ги шеќерот и крем-сирењето па додадете ги јаболката и добро измешајте.
  5. Ставете ја смесата во фрижидер на половина час, а за тоа време измешајте ја слатката павлака со која ќе го премачкате колачот пред послужување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *