11 декември, 2018

Радио

Рафаелo бомбиците се омилениот десерт на децата, но исто така и на возрасните членови на семејството. Затоа ви го претставуваме овој рецепт за совршен десерт, кој не содржи шеќер и исто така ќе биде идеален за оние кои се грижат за линијата на телото.

Потребни состојки:

  • 120 гр свежо крем сирење
  • 3 лажички стопено кокосово масло
  • 3 лажички слатка павлака
  • 1 дл лимонов сок
  • 2 лажички стевија
  • 7- 8 лажички кокосово брашно
  • 1 прстофат сол
  • рендана лимонова кора

Подготовка:

Во блендер измешајте го кокосовото масло и крем сирењето, додека не добиете мазна смеса. Во мешавината додадете ја слатката павлака, сокот од лимон, солта и стевиа.  Додадете 2, 3 лажички кокос во прав, па повторно се убаво измешајте. Ставете ја смесата во фрижидер 30 минути, за да се зацврсти и биде лесна за формирање.

Бомбиците направете ги со дланките и извалкајте ги во кокосово брашно  и изренданата кора од лимон.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Домашни рафаело бомбици без шеќер
Горе