Галета со нектарини

25 јули, 20180
r3

Состојки

  • Тесто:
  • 300 гр фино бело брашно
  • 30 гр шеќер
  • 150 гр путер
  • кора од портокал
  • 1 белка (30 гр)
  • 35 мл млеко
  • 30 гр мелени бадеми

Oдозгора:

  • 4 нектарини
  • 2 големи лажици мармелад ос сливи
  • кафеав шеќер според вкус
  • листови бадем за одозгора
  • жолчка
  • 1 мало лаживче млеко

 

Подготовка

 Прво подготви го  тестото, сите состојки треба да се соединат заедно и да се замесат во мазно тесто. Оставете да стои на ладно 30 минути. Додека тестото мирува, подготви го останатото.Нектарините исечете ги на  тенки парчиња или по желба.Припремете го плехот обложен со хартија за печење.Тестото растегнете го врз малку брашно во поголем круг со дебелина околу 1/2 см, ставете го врз плехот. Одозгора премачкајте го со мармелад, оставете околу 2 см ненамачкани на краевите, а одозгора наредете го овошјето.

Сега затворете ги краевите кон средината, малку затегнете, и се така во круг (како на сликата). Премачкајте ја целата галета со малку млеко и жолчката, наросете малку кафеав шеќер и листови од бадем одозгора и ставете ја да се пеше во веќе загреана рерна на 180 степени 20 минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi