20 септември, 2018

Радио

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 чаша интегрално брашно

* 2 стапчиња босилек ситно исецкан

* 2гр сол

* 30гр рендан кашкавал

* 1 домат ситно сецкан

* 10 црни маслинки, без коска и сецкани

* 300мл кисело млеко

* 4 лажици маслиново масло

* 1 јајце

* 1 прашок за пециво

* 2 лажици пченичен гриз

* 10гр сусам

* 1 чаша бело брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Измешајте ги заедно брашното, пецивото, солта, половина од кашкавалот, маслинките, доматите и босилекот.
  • Одделно измешајте го киселото млеко, јајцата и маслиновото масло. Потоа додадете ги кон сувата смеса и измешајте со дрвена лажица, без да месите. Добивате лепливо тесто.
  • Со подмачкани раце направете топчиња со средна големина. Наредете ги во подмачкана и набрашнета тава,  посипете ги со останатиот рендан кашкавал и сусамот.
  • Печете ги во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Интегрални лепчиња со маслинки
Горе