Јогурт десерт со смокви, мед и ореви

26 септември, 20180
р

Кажано е дека денот треба да започне со лажичка мед бидејќи е еден од најздравите производи. Сепак, можете да го искористите и во подготовката на прекрасните, здрави деликатеси за своите најмили.

Состав:

– 3 поголеми смокви

– 2 лажици пржени, сецкани ореви

– 1 чаша јогурт

– 1 лажица органски багремов мед

Подготовка:

Oревите кратко потпечете ги во рерна, изладете ги и крупно исецкајте. Смоквите измијте ги и исечете на помали парчиња, а јогурот помешајте го со медот. Сите подготвени состојки наизменично ставајте ги во чаша за послужување.

На врвот декорирајте го и ставете го во фрижидер за да се олади еден час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *