Јогурт куглоф со јаболки, мек и неодолив!

3 септември, 20180
к

Со малку труд и вештини ќе го добиете овој врвен десерт.

Состојки:

јajца 3

шеќер 150 гр.

јогурт 200 мл.

масло 150 мл.

остро брашно 150 гр.

меко брашно 150 гр.

ванилин шеќер

прашок за пециво

1 лимон сок и рендана кора

јаболки 2

Подготовка:

Јаболките, измијте ги и исчистете од семки, но не ги лупете.

Исечете ги на коцки и кратко варете ги. Исцадете ги, испрскајте со лимонов сок, да не потемнуваат. Исушете ги на кујнска крпа и оставете да се оладат.

Во сад измешајте две лажици брашно, додадете ги јаболките и измешајте.

Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер. Додадете го јогуртот, маслото и кората од лимон.

Брашното измешајте го со прашокот за пециво, а потоа расејте го во смесата со јајца. Додадете ги коцките јаболко и лесно промешајте.

Садот за куглоф премачкајте го со масло, набрашнете го. Па истурете ја смесата во него и измазнете ја.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Со чепкалка проверете дали колачот е печен. Печениот колач свртете го на чинија и оставете го да се излади. Кога ќе се олади, посипете го со шеќер во прав.

Пријатно!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *