Киш – познатиот француски специјалитет

8 март, 20180
8

Киш е француски специјалитет кој е всушност пита од лиснато тесто наполнета со најразлични филови. Основниот и најпознатиот киш лорен, го имате тука, а овој денешниот е интересна варијација од лиснато тесто, шпагети, грашок, домати и кашкавал. Совршен за вегетаријанци.

ПОТРЕБНО Е:

300 гр лиснато тесто

пола пакетче шпагети

1 шолја грашок (од конзерва или обарен)

250 гр павлака (12%)

2 јајца

200 гр рендан кашкавал (гауда)

сол, бибер, морско оревче, буковец

6 домати, исечени на четвртинки или 8 чери домати

ситно сечкан магдонос, за декорација

ПОДГОТОВКА:

Сварете те ги шпагетите. Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Лиснатото тесто развлечете го со сукало и ставете го во тркалезно тавче. Избоцкајте го со виљушка и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека малку да зарумени (околу 5 минути). Во сад измешајте ги јајцата, павлаката и зачинете со сол, бибер, морско оревче и буковец, по вкус. На испеченото тесто ставете ги шпагетите, од горе ставете го грашокот и прелијте со смесата од јајца и павлака. Од горе, ставете го изренданиот кашкавал и распоредете ги доматите. Печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека да добие златно-жолта боја. Кога кишот ќе биде готов, оставете го 15 до 20 минути да се излади. Декорирајте со ситно сечкан магдонос и сервирајте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *